вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

И тоа било можно: Барбара Стрејсенд си го клонираше кучето

Стрејсенд во интервју за списанието „Варајети“ изјави дека научниците земале клетки од нејзиното куче Саманта, па сега по клонирањето чува две идентични кутриња.
И тоа било можно: Барбара Стрејсенд си го клонираше кучето

Американската пејачка и актерка Барбара Стрејсенд го клонираше своето милениче, женка од расата Тулеарско кадраво куче, веднаш по неговата смрт минатата година.

Стрејсенд во интервју за списанието „Варајети“ изјави дека научниците земале клетки од нејзиното куче Саманта, па сега по клонирањето чува две идентични кутриња.

Таа наведува дека кога тие стигнале во нејзиниот дом, почнала да ги поблекува во различни бои со цел да ги разликува.

Од „Варајети“ наведуваат дека постапката на клонирање чини од 25 до 100 илјади долари

Најнови вести