среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Игор Којиќ познатата актерка ја остави поради Северина: Биле во тајна врска, а тој не бил единствениот кој ја оставил неа за Хрватка (ФОТО)

Игор Којиќ познатата актерка ја остави поради Северина: Биле во тајна врска, а тој не бил единствениот кој ја оставил неа за Хрватка (ФОТО)

Северина и Игор Којиќ официјално се разведоа пред неколку дена  во граѓанскиот суд во Загреб.

-Одлуката за развод ја донесовме заедно, а истата не можеме да ја коментираме додатно, како што не ја коментиравме ниту одвоеноста. Мојата посветеност кон синот и борбата за старателството се во мој фокус во последните дваесетина месеци. Игор беше супер партнер, поддршка и потпора во најтешкиот период во мојот живот и му ја посакувам цела среќа на светот. Знам дека сум јавна личност, но не сум јавна вреќа за удирање. Секое збогување е тешко и ги замолувам медиумите да се воздржат од секаков вид на пишување глупости и непроверени информации, изјави Северина за „Јутарни лист“.

Овие зборови ги повторил и Игор Којиќ велејќи дека „се е речено“.

Но, сепак медиумите се потсетија и на претходната голема љубов на Којиќ пред Северина.

Станува збор за актерката Катарина Радивојевиќ која била тајна неколкумесечна романса, а неговите блиски тврдат дека тој ја оставил актерката токму поради Северина.

Инаку таа исто сценарио доживеа и од другиот партнер кој ја оставил актерката поради убавата Хрватка Николина Пишек.

Најнови вести