среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ИМ ЈА ЗАТВОРИ УСТАТА СО ЗБОРОВИ КОИ МОРА ДА ГИ ПРОЧИТАТЕ – откако хрватските навивачи удрија по фудбалерот очите на светот се вперени во неа!

ИМ ЈА ЗАТВОРИ УСТАТА СО ЗБОРОВИ КОИ МОРА ДА ГИ ПРОЧИТАТЕ – откако хрватските навивачи удрија по фудбалерот очите на светот се вперени во неа!

Снежана Борјан, сопругата на играчот на Црвена звезда, Милан Борјан, кој брани за Канада на Светското првенство во Катар, се огласи на социјалните мрежи поради скандалозното и навредливо скандирање на хрватските навивачи од трибините во Доха против нејзиниот сопруг, како и против неа.

Имено, хрватските фанови дури и го објавиле неговиот број на мобилен телефон на социјалните мрежи, поради што според неговото сведочење добил преку 2.500 пораки од хрватските фанови кои го прозиваат.

По пеколот кој трае без престан одлучи да се огласи сопругата на голманот која преку социјалните мрежи објави само дел од монструозните пораки кои ги добивала од фановите, почнувајќи од „Јас не сум Ливај, но и јас можам да постигнам гол“, па сè до до „Дали Милан ќе носи трактор во Белград?“, алудирајќи на акцијата „Бура“ во која семејството на Борјан беше протерано од Хрватска.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Snezana Borjan (@snezanafi)

– Гледаме и слушаме како во светот, а и кај нас во Србија, многу и не само млади луѓе извршиле самоубиство поради терор на социјалните мрежи, социјалното отфрлање и преголемите очекувања. Не е лесно да се поднесуваат навреди, сатанизација, сајбер насилство, особено кога знаете дека не сте направиле ништо негативно и колку е тешко кога нападите стануваат вирални и глобални. Затоа разговарајте со вашите деца, пријатели, партнери… кажете им колку се вредни и посебни и што е најважно дајте им бескрајна количина на љубов бидејќи само така можат да прераснат во емоционално стабилен начин на размислување и луѓе кои ќе имаат емпатија за другите луѓе. Љубовта како одговор на секое зло и насилство!, напиша Снежана.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Snezana Borjan (@snezanafi)

Најнови вести