четврток, 25. јануари 2024. Вести денес: 0
home Познати

ИМАЛА СИЛНИ ПРИЧИНИ: Марија Микиќ со солзи во очите откри зошто криела дека е бремена

ИМАЛА СИЛНИ ПРИЧИНИ: Марија Микиќ со солзи во очите откри зошто криела дека е бремена

Пејачката Марија Микиќ гостуваше во една емисија каде за прв пат откри зошто избегнувала јавно да зборува за својата бременост.

-Сега сум на почетокот на петтиот месец. Имав силни причини зошто ја криев бременоста. Немав намера да ги омаловажувам медиумите, да кријам нешто од нив, секогаш имав убава соработка со сите. Само имав некои проблеми. Пред тоа имав некои здравствени проблеми, а потоа други проблеми,  рекла Марија со солзи во очите.

-Едвај чекам да разговарам за тоа со моите следбеници на Инстаграм. Сега здивот ми се заглави малку. Не сакав да се знае додека не биде се како што треба, но информацијата стигна до медиумите. Без разлика, на крајот сè испадна како што испадна. Сега се е во ред, фала Богу, рече таа.

И Марија потврди дека се повлекува од естрадата до породувањето.

-Од утре сум обична трудница. Не пеам повеќе и тоа е тоа. Официјално сум бремена. Дефинитивно ќе ми недостига сцената. Веќе два ипол месеци луѓето гледаат дека ме нема, бидејќи целосно се повлеков, изјави таа.

 

Најнови вести