Италијанската филмска дива Џина Лолобриџида ја објави својата кандидатура за италијанскиот Сенат на парламентарните избори на 25 септември.
– Едноставно ми е смачено да слушам политичари кои се расправаат меѓу себе без воопшто да се зафатат со работа, вели 95-годишната Џина во интервју објавено во весникот „Кориере дела сера“.
Таа сака да се кандидира на кандидатската листа, на која е и Комунистичката партија.
– Италија е во лоша состојба, сакам да направам нешто добро и позитивно, рече таа.
Џина, вели таа, разговарала со својот адвокат пред да ја донесе својата одлука. Инаку, поранешната актерка има старател кој судот ѝ го доделил по повеќегодишен семеен спор и не смее да носи самостојни одлуки за нејзиниот имот.
Лолобриџида претходно веќе се обидела да започне политичка кариера. Во 1999 година се кандидирала за Европскиот парламент, но не освоила доволно гласови.
– Во секој случај, тоа беше искуство. Во животот можеш да изгубиш и можеш да победиш“, рече таа.