понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Ја нарекуваат природна убавица, но тоа е далеку од вистината: Марго Роби мораше да ги направи ОВИЕ корекции за да личи на „Барби“!

Ја нарекуваат природна убавица, но тоа е далеку од вистината: Марго Роби мораше да ги направи ОВИЕ корекции за да личи на „Барби“!

Во неодамнешната објава на Инстаграм, инфлуенсерката за третмани за убавина, Дејна Омари Харел, го повтори своето тврдење од пред речиси една година дека ѕвездата на од „Барби“, Марго Роби, наводно, претрпе огромна трансформација за да личи на познатата кукла.

Марго Роби важи за една од природните убавици на Холивуд, но малкумина знаат дека таа го трансформирала својот изглед за да се вклопи во филмската индустрија, за што денес жали, бидејќи нејзиниот талент покрај импресивната привлечност останува незабележан. Дури и пред какви било интервенции, таа беше убава. Исто така, женските лица природно стануваат поструктурирани како што преминуваме од тинејџерски години во возрасна личност.

Потребно е многу работа за да се биде Барбика. Во неодамнешната објава на Инстаграм, Омари Харел, посочи дека актерката претрпе огромна трансформација за да личи на Барби.

На прашањето на Сифат Хајдер која е нејзината омилена трансформација на познати личности, Харел веднаш ја спомна Роби. Но, Харел не мисли на негативната страна, вели дека актерката „сè уште изгледа природно“ поради „неверојатната работа“. Таа дури и го започнува својот наслов осврнувајќи се на „секогаш прекрасната Марго Роби“. Харел, во натписот на објавата, детализира и сè што таа верува дека актерката направила низ годините за да го постигне нејзиниот сегашен изглед на Барби. Експертката е убедена дека е направено нешто за „малку да се промени обликот на нејзините очи“.

„Имаше работа на горниот дел од лицето (особено отстранување на маснотии), филери под очите, минимално подигнување на веѓите, зголемување на дел од образите, отстранување на букални масти, полнила за усни, операција на носот што го разреди врвот и ја намали ширината на нејзините ноздри“ – рече таа.

Букалната липосукција е процедура која се изведува за истенчување на образите, особено во вдлабнатините на образите. Харел верува дека „малку волумен“ и е додаден на брадата бидејќи сега брадата и е подолга. Не е исклучено и  користење на ботокс, „само колку да омекне, но не и да ги спречи нормалните изрази на лицето“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dana Omari-Harrell (@igfamousbydana)

 

Најнови вести