Ана Севиќ зад себе остави турбулентна година, во која нејзиниот поранешен сопруг Дарко Лазиќ доживеа тешка сообраќајна несреќа, а таа вели дека тој настан најмногу би сакала да го заборави.
-Би ја избришала несреќата која ја доживеа мојот поранешен сопруг – рекла Ана.
Таа додала дека во моментов е задоволна од својот живот и дека ништо не би менувала.
-Се сакам себеси во сите изданија и мислам дека се што во животот се случува, се случува со причина. Изданијата на самите себеси од кои не сме задоволни од перспектива на сегашноста сигурно не довеле дотаму да станеме подобри и поумни. Се разбира ако од нив умееме и сакаме да извлечеме поука. Не сакам ништо да менувам, сигурна сум дека се е онака како што треба да биде и дека ќе биде подобро, истакнала Ана.
Таа празниците ги минала со ќерката Лорена и момчето Данијел во Црна Гора.