понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Ја уништи швајцарскиот кредит: Беше славна пејачка која многу заработува, а сега остана без стан бидејќи немала пари за рати

Ја уништи швајцарскиот кредит: Беше славна пејачка која многу заработува, а сега остана без стан бидејќи немала пари за рати

Пејачката Данијела Враниќ остана без стан во близина на белградска арена, кој го купи од пеењето на врвот на популарноста. Како што пренесуваат медиумите, вториот стан на пејачката, за кој подигна кредит, неодамна и го одзеде банката поради неплатени рати.

Поранешната „кралица на сплавовите“, која важеше за една од најпопуларните пејачки на балканската сцена, пред повеќе од десет години се повлече од сцената на врвот на својата популарност. Своевремено се пишуваше дека купила стан во Белград, па од главниот град се преселила во Ваљево да живее со родителите, а според последните информации кои се појавија во јавноста, таа моментално живее во местото Коцељево кај Шабац.

Сепак, на врвот на кариерата, кога настапуваше низ Европа и регионот, пејачката си обезбеди уште еден стан лоциран во Нов Белград.

-По завршувањето на музичката кариера, Даниела имала заштеда од која живеела неколку месеци. Кога го напуштила Белград, отишла да живее кај родителите, а ратите од кредитот не ги платила. Се обидела да го издава тој стан за да има да ги плаќа ратите од заемот во Швајцарија, но и биле потребни пари за живот. Долго се бореше, а потоа не можеше повеќе и тој стан и беше одземен,  вели изворот за српските медиуми и додава:

„Таа се обидела да најде излез од оваа ситуација, но со оглед на тоа дека се повлече од сцената, не сакала да бара помош од луѓе кои ги познавала претходно, за оваа приказна да не стигне до медиумите, па се простила од тој стан, рекол изворот.

Да потсетиме, проблеми со позајмици во Швајцарија имаа и други јавни личности, како Гоца Тржан и Гога Секулиќ.

Најнови вести