петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Јелена Карлеуша до Хрватите: Вие сте расисти, шовинисти, фашисти… вие сте кретени и идиоти!

Јелена Карлеуша до Хрватите: Вие сте расисти, шовинисти, фашисти… вие сте кретени и идиоти!
фото: telegraf.rs

Пејачката Јелена Карлеуша требаше да настапи во Хрватска, на островот Барбаринац, но надлежните органи и го откажаа концертот.

Јелена Карлеуша со денови го најавуваше својот настап за публиката во Хрватска, а сега се огласи преку социјалните мрежи каде ги извести своите обожаватели дека нејзиниот концерт е откажан.

– Со жалење ги информирам сите мои фанови во Хрватска дека мојот концерт планиран за утре на островот Барбаринац – е откажан од властите во Хрватска. Причината е шокантна и срамна – затоа што доаѓам од Србија – напиша Карлеуша на својот Инстаграм профил и продолжи:

-Искрено, вакви работи во 21 век?! Примитивизам. Расизам, шовинизам, фашизам, кретенизам, идиотизам. Поздрав до сите мои фанови во Хрватска кои масовно купија билети со пораката – ширете мир, љубов, толеранција и не дозволувајте омразата да ја труе заедничката иднина на сите нас добри луѓе! Нека нè обедини музиката! Те сакам! ЈК.

Да потсетиме, ова не е првпат во Хрватска да се бара забрана за концерти и настапи на српски пејачи. Неодамна аферата го потресе регионот кога градоначалникот на Пула го забрани концертот на Ана Бекута и Драган Којиќ Кеба.

Најнови вести