Водителката Јована Јеремиќ редовно докажува зошто е една од најпознатите личности на српската јавна сцена.
Таа нема проблем да зборува за најчувствителните и табу теми, а овој пат откри дека на почетокот на нејзината кариера, едно лице ја намамувало да се занимава со проституција.
-Не сакам да зборувам за тоа, но вистината е дека на почетокот на мојата кариера се обидоа да ме регрутираат да се занимавам со елитна проституција. Не сакам да го кажам името на човекот кој се обиде, но само ќе кажам дека бев планирана за тоа и тоа на најлош начин. Тоа е нешто за што никогаш не сум зборувала. Ме планираа за најелитната проституција затоа што сум хиперинтелигентна. Ми беше понудено да влезам во таа работа и да работам со најмоќните луѓе на светско ниво, изјави Јована, а потоа продолжи:
„Таа понуда дојде на отворен, не на сокриен начин. Ми нудеа цело богатство во замена да бидам вовлечена во елитна проституција, односно да бидам жена задолжена за силни мажи на светско ниво, пред се во светот на фудбалот. Ме избраа за тоа бидејќи одлично зборувам шпански, како и српски, а доста добро зборувам и англиски. Затоа ме планираа за тие шпански фудбалски кругови. Тоа беа моментите во мојата кариера кога го положив испитот. Еден ден ќе кажам детално што се случи таму, но сега можам да кажам дека овој човек ме убедуваше 12 часа и ми понуди се на светот. Сè уште се сеќавам на речениците што ми ги кажуваше. Имав 24 години. Само што завршив факултет. Имаа информации и од Правниот факултет дека сум исклучително интелигентена, како и дека ја имам таа фатална особина во мене“.
Водителката истакна дека вербата ја спасила од најголемото искушение во животот.