четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Јована Јоксимовиќ: Жељко е само мој и Божји

Јована Јоксимовиќ: Жељко е само мој и Божји

Српската водителка Јована Јоксимовиќ со години е со соврешен брак со пејачот Жељко Јоксимовиќ. Во едно неодамна дадено интервју таа вели дека никогаш не и било тешко што е животен сопатник на еден успешен музичар. Вели дека нивниот однос се случил спонтано.

-Се вклопивме од самиот почеток, живееме, работиме, ги растеме деца заедно како тим, никогаш ништо не ни е тешко, вели водителката.

Јована открива дека е љубоморна како жена, не како сопруга.

-Просто, тој е мој и Божји и нема тука што да се додаде. Исто е и обратно. Љубоморен е како маж. И тоа само сведочи за љубов, а не за недоверба, откри Јована.

Најнови вести