четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Каде ќе ја дочекаат новата година македонските јавни личности: Домашна атмосфера или скапо патување?

Опуштено во домашна атмосфера, на заслужено романтично патување или на организиран дочек во некој од ноќните клубови. Вака познатите ќе слават за новогодишната ноќ- открија некои од ѕвездите за женски магазин.
Каде ќе ја дочекаат новата година македонските јавни личности: Домашна атмосфера или скапо патување?

– Ќе одлучам во последен момент. Или дома со моето друштво или во еден познат скопски ресторан. Во секој случај, останувам овде. После празниците ќе прошетам некаде да ги наполнам батериите –открива популарната водителка Лила Стојановска.

Актерката Јелена Јованова која повеќе од две години живее на релација Македонија-Хрватска вели дека не е човек што дава големо значење на оваа ноќ, но сепак ги откри плановите.

– Горски Котар и Плитвичките езера се добитната комбинација за оваа Нова година – изјавила таа.

Нејзината колешка од ТВ-серијата „Преспав“, пејачката Тијана Дапчевиќ за претстојните празници ќе биде со семејството.

– Новогодишната ноќ ќе ја поминам со синот и со сопругот кај моите во Скопје. Имав многу обврски изминатиов период и затоа сакам да се одморам барем за „најлудата“ ноќ. Во Македонија ќе останам и за Бадник и Божик – вели Дапчевиќ.

Познатиот продуцент и автор Роберт Билбилов и оваа година ќе слави со најблиските, прво во еден од скопските ресторани, а подоцна во домашна атмосфера.

– Во секој случај нема да биде работно, да не помисли некој дека некаде ќе пеам – се шегува Билбилов.

Елена Велевска, пак, сопругот и децата ќе ги изненади со оригинален подарок.

– Одлучив да не прифатам ниту еден ангажман и максимално да им се посветам на моите. Пред неколку дена со сопругот прославивме десетгодишнина од брак и по тој повод организирав патување низ Европа за целото семејство–открива популарната фолк-пејачка.

Најнови вести