Фолк пејачот Халид Бешлиќ ги воодушеви вработените во една пекарница пеејќи го хитот „Романија”.
На Фејсбук се појави видео на кое се гледа како пејачот ја вади маската во пекарницата и пее дел од песната. Судејќи според снимката, тој бил расположен, па ги крена рацете додека ја пее познатата песна.
Кафеаните и концертните сали се затворени, но затоа пекарите се отворени, се вели со видеото, кое брзо започна да се споделува на социјалните мрежи.