среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

КАКО СЕСТРИ БЛИЗНАЧКИ – кралицата Камила со својата сестра дојде на натпреварот на Вимблдон, и вие нема да знаете која е која (ФОТО)

КАКО СЕСТРИ БЛИЗНАЧКИ – кралицата Камила со својата сестра дојде на натпреварот на Вимблдон, и вие нема да знаете која е која (ФОТО)

Кралицата Камила направи пауза од официјалните настани и присуствуваше на четвртфиналето на Вимблдон со својата сестра во средата. Тој ден на теренот играше Унс Џабир од Тунис, која ја победи Елена Рибакина од Казахстан.

Кралицата го избра најпогодното време за нејзината посета на Вимблдон. Тој ден во кралската ложа се собраа бројни ѕвезди, меѓу нив беа ќерката на принцезата Ана, Зара Тиндал и нејзиниот сопруг, нејзиниот брат Питер, принцот Алберт Втори од Монако, сестрата на Кејт Мидлтон, ѕвездата на One Direction, Лиам Пејн и актерката од Бриџертон, Чаритра Чандран.

75-годишната Камила го избрала најсоодветниот дрес код за Вимблдон – бел фустан со сини риги и златен накит, вклучувајќи ги и нејзините омилени нараквици, кои ги носи речиси непрестајно. Изгледот го комплетираше со очила за сонце. До неа, седеше нејзината сестра, која – многумина ќе се согласат – неверојатно личи на Камила.

Сестрата на кралицата, Анабел Елиот, беше дотерана во кошула-фустан со зелени и бели шари.

И двете го следеа со голем интерес натпреварот.

Инаку, ова беше прво соло појавување на Камила на познатиот тениски турнир кој го посети во статус на кралица.

На трибините беше забележана и 88-годишната Мери Бери, прославена писателка која напишала повеќе од 70 книги за готвење.

Кралицата Камила го зазеде главното место на централниот дел во Кралската ложа.

Најнови вести