среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

„Тајната на неговата вечна младост“ стана вирален хит низ светот – еве што јаде Бред Пит среде финалето на Вимблдон за да биде млад и на 60 години (ВИДЕО)

„Тајната на неговата вечна младост“ стана вирален хит низ светот – еве што јаде Бред Пит среде финалето на Вимблдон за да биде млад и на 60 години (ВИДЕО)

Холивудската актерска ѕвезда, големиот заводник Бред Пит привлече огромно внимание на финалето на тенискиот Грен слем во Вимблдон со својот младешки изглед, но и со видеото каде беше фатен како јаде чипс

Камерите го уловија мегапопуларниот актер како ужива во вкусен чипс, а видеото набрзо стана вирално, пишува Тпортал.

Во коментарите под видеото објавено на Твитер, се појавија бројни досетки и шеги на тема изборот на грицки на актерот. Многумина на шега тврдеа дека можеби тоа е тајната на неговиот добар изглед, истакнувајќи дека и самите ќе почнат да уживаат во чипсот секој ден.

„Се обидувам да видам каков чипс јаде за да ја дознаам тајната на неговата вечна младост“, беше еден од најпопуларните коментари.

Покрај изборот на храна, Бред Пит уште еднаш привлече големо внимание со својот младешки изглед, поради што е тешко да се поверува дека во декември ќе наполни 60 години.

Познатиот актер блесна во лежерна и толку елегантна комбинација од сина поло кошула и свилена сина кошула заокружена со очила за сонце.

Најнови вести