петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

КАКОВ СРАМ: Ким се посрамоти на Инстаграм, фановите ја исмејуваа – Кардашијан не прави разлика меѓу снег и град!

КАКОВ СРАМ: Ким се посрамоти на Инстаграм, фановите ја исмејуваа – Кардашијан не прави разлика меѓу снег и град!

Ким Кардашијан воодушевена го снимаше падот на град, дури го држеше и во свои раце, но во видеото зборува за паѓање на снег.

„Ова е лудило, паѓа снег во Калабасас, не знам колку гледате“, рече Кардашијан на видеото, а потоа ја сними раката како ја подава на терасата, така што градот паѓа врз неа, па повтори дека врне снег и дека е ледено “.

„Целосно лудило, моето кошаркарско игралиште е целосно бело и покриено со снег, инаку теренот е црн, знаете. Во Калбасас паѓа снег “, рече Ким видно шокирана допирајќи го градот по кошаркарскoто игралиште.

Откако многумина ја исмејуваа на Инстаграм, Фејсбук и Твитер, не знаејќи ја разликата помеѓу снег и град, Кардашијан се правдаше дека не е метеоролог.

„Добро, луѓе, ја сфатив пораката! Град е, а не снег! Јас не сум метеоролог, луѓе. Никогаш не тврдев дека сум. Имам 30 работни места, но никој не е метеоролог. Ако некој град падне во март во Калабасас, јас го нарекувам снег! Добро “, напиша Ким во следната објава.

Најнови вести