Раперот Канје Вест (44) наводно моли за прошка од поранешната сопруга Ким Кардашијан (41), откако во последните неколку дена ги изнесоа „валканите“ работи од врската.
Сепак, драмата меѓу поранешната љубовна двојка не стивнува и денеска. Кајне на социјалната мрежа Инстаграм објави колаж од семејни фотографии по низата обвинувања за мајката на неговите деца.
– Боже, обедини го нашето семејство, гласи описот под објавата на Канје, а многумина веруваат дека на тој начин Канје ја моли Ким за прошка.
Некои од следбениците на раперот ја поддржаа неговата постапка, а други сепак му велат дека тоа се приватни работи кои не треба да се решаваат на социјалните мрежи.
Инаку, Ким и Канје со денови се караат на социјалните мрежи, а Вест ја користи секоја прилика да ја нападне поранешната сопруга. Раперот по разводот не успева да ја прифати новонастанатата ситуација, па неодамна и се закани на нејзиниот нов партнер, комичарот Пит Дејвидсон.