Канје Вест издаде нови правила на однесување за својата партнерка Бјанка Ценсори. Најскандалозно е што, меѓу другото, тој бара таа „никогаш да не зборува“!
Има и низа правила според кои треба да живее.
-Ова се однесува на сите аспекти од животот, па дури и на одредени видови храна што може да јаде и што може да носи, тврди извор, пренесува „Дејли мејл“.
Изворот вели и дека Бјанка повеќе нема свое мислење и наместо тоа едноставно ги слуша наредбите на раперот, а тој наводно ја убедувал дека имаат „кралски статус“. Освен што мора да молчи, неговата партнерка мора да внимава и што таа има облечено, односно не смее да се појавува во јавност во стајлинг без негово одобрение.
Исто така, мора редовно да тренира и да ја одржува фигурата, иако самиот Канје тоа не го практикува. Да потсетиме дека раперот неодамна предизвика скандал во Венеција, поради што доби доживотна забрана да вози чамец кого му се виде задникот.