Трагично загинатата фолк ѕвезда Шабан Шаулиќ загина на 17 февруари месецов во сообраќајна несреќа во Германија враќајќи се од настап.
Овој период пејачот е секојдневно во медиумите каде се поврзува во најразлични контексти, а ние откривме едно интервју на пејачот од 2016 година во емисијата „Из профила“ каде раскажува за почетокот на неговата кариера и прва песна.
Верувале или не Шабан првата песна „Утјеха“ ја има промовирано во Скопје по што неговата кариера започнала да се движи во нагорна линија.
Тој раскажува дека песната станала радио хит веднаш, но на телевизија се појавила откако ја промовирал во Скопје.
-Го снимив тој спот и беше некоја телевизиска емисија која се викаше „Гостите на нашето студио“, тоа беше во Скопје, се сеќавам тогаш бев да ја снимам таа емисија која се емитуваше, нормално на сите канали низ целата Југославија. Тоа беше емисија за народна музика, се сеќавам дека тогаш ја запознав Вера Ивковиќ бидејќи бевме на некое брдо кое се вика Водно во Скопје каде беше хотелот и каде бевме сместени и тука.
Делот каде пејачот се присетува за убавите моменти во Скопје можете да ги погледнете од 44:25 минути, по спотот за кого токму зборува Шаулиќ.