Летото и летните одмори одамнаа завршија, а летната облека во нашиот гардеробер ја заменивме за есенски модни парчиња.
Скопје надвор наликува на вистинска есенска идила, со жолти паднати лисја кои му даваат посебен, есенски шарм на градот.
Повеќето македонски јавни личности летото успеајаа да се одморат на некоја плажа уживајќи под зраците на сонцето, а некои ја искористија и есената да уживаат или дома, на домашен терен или некаде во потоплите краеви.
Каролина Гочева уживаше во есенските бои.
Имено, таа на Инстаграм објави фотографија на која позира во малку поразлично издание досега. Иако сме навикнати македонската пејачка да ја гледаме во модни, елегантни, сценски комбинации, овојпат таа позираше во едно обично, есенско издание.
Имено, Каролина на својот „Инстаграм“ објави на која позира покрај паднати, пожолтени лисја, а таа е облечена во хеланки, блуза и носи дуксер со себе. Овојпат, високите потпетици ги замени со патики.
Каролина ретко имаме прилика да ја видиме во вакво опуштено издание, но ќе се согласите дека македонското девојче и вака изгледа супер и има одлична фигура.
-Пролет во ноември, напиша таа покрај фотографијата.
Нејзините следбеници и оставаа лајкови, но и позитивни коментари за нејзиниот изглед.
Есенски стајлинг за есенско расположение.