Актерот Двејн Џонсон познат како „The Rock“, на својот профил објави фотографија од младите денови.
На фотографијата тој има само 15 години, но јасно се гледа дека тоа момче има амбиции да стане најмускулестиот актер во Холивуд.
„Сеќавањето на тоа посебно време кога бев дете од 15 години и имал едвај 90 килограми, чудни бркови и бев приморан да ги напуштам Хаваите за да живеам во Нешвил. Тамо се најдов во ново средно училиште и сите ме третираа како да имам чума и се држеа подалеку од мене убедени дека сум полицаец на тајна задача“, напиша актерот во описот на фотографијата.
Тој поминал долг пат до денешната слава и изглед, а сега е многу горд на се што постигнал во животот.