Марко Гебљиќ на сопругата Катерина Грујиќ и купил стан вреден 408 илјади евра! Пејачката веднаш се пофали на Инстаграм дека станала сопственичка на 102 квадрати во елитна населба во Нови Белград.
-Катерина е пресреќна! Вчера ми се пофали дека од сопругот добила стан, открива за српските медиуми извор близок до парот.
Изворот додава дека тие двајцата живеат во станот на Марко, но наскоро ќе се преселат во новиот дом.
-Катерина веќе го избрала намештајот. Се пофали дека зградата во која ќе живеат има базен. Таа обожава да плива, а не оди во јавни базени бидејќи е голема гужва. Наскоро ќе можи да ужива во пливањето, далеку од очите на јавноста, затоа што базенот е само за станарите на зградата, раскажува изворот.
Осен станот во Нови Белград и станот на Марко на Вождовац, тие имаат уште една недвижнина. Имено, пејачката поседува уште еден стан, каде што живеела пред да се омажи за фудбалерот.
Прва комшика на брачната двојка ќе и биде Лепа Брена. Наводно, таа купила стан во истата зграда. Тамустанови имаат и најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ, пејачите Саша Ковачевиќ, Милица Павловиќ, Марија Шерифовиќ, Сандра Африка, Милица Тодоровиќ и други…