четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Ќерка му го наследи талентот, а сопругата не може да го преболи неговото заминување: Еве што се случува со семејството на покојниот Дарко Радовановиќ

Ќерка му го наследи талентот, а сопругата не може да го преболи неговото заминување: Еве што се случува со семејството на покојниот Дарко Радовановиќ

На 11-ти јуни 2011-та година цела Србија плачеше кога се прошири веста дека пејачот Дарко Радовановиќ загинал во страшна сообраќајна несреќа во близина на Белград.

Со него загина и неговиот менаџер. Дарко зад себе остави многу хитови, неутешни обожаватели и скршено семејство.

Неговата загуба најтешко ја доживеале неговата сопруга Маја и ќерката Лара, која сега има 15 години.

Родителите на Дарко неодамна открија дека неговата ќерка тргнала по стапките на Дарко, додека неговата сопруга никогаш не се опоравила целосно од овој тежок удар.

-Лара својот музички талент го наследила од нејзиниот татко, таа свири на пијано. Сите велат дека таа неодоливо потсетува на Дарко. Снаата Маја, пак, не може да ја преболи загубата на сопругот, има промени во расположението, рече дека никогаш повеќе нема да се омажи. Таа многу страдаше, изјавиле тогаш неговите родители.

Најнови вести