На 11 јуни 2011 година во медиумите одекна веста дека младиот пејач и неговиот менаџер загинаа во сообраќајна несреќа.
Дарко Радовановиќ имал само 36 години, а зад себе ги остави неговата сопруга Маја и ќеркичката Лара, која денес има 11 години.
Дарко и Маја биле бескрајно заљубени, подготвени да го вложат и последниот атом сила и креативност за да се воодушеват еден со друг.
Дарко секогаш зборувал дека Маја го кажува последниот збор во нивната врска, а потоа и во бракот.
-Само таа да не се налути. Не сакам да правам ништо што ќе ја налути мојата Маја, зборувал тој.
Тој бил и неизмерно среќен откако нивната ќерка дошла на свет и зборувал дека од Маја ја наследила убавината, а од него насмевката и темпераментот.
Маја и Лара по смртта на Дарко целосно се повлекле од очите на јавноста и живеат со родителите на Маја во Сремска Митровица.
Неколку години подоцна, Маја истакнала дека Дарко е присутен секојдневно во нивните животи низ песните и сеќавањата и дека таа рана никогаш нема да зарасне.