недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Војник на КФОР загина во сообраќајна несреќа во Косово

Војник на КФОР загина во сообраќајна несреќа во Косово

Припадник на италијанскиот контингент на КФОР загина во сообраќајна несреќа, соопшти мисијата на НАТО на Косово.

Несреќата, прецизираат, се случила околу 15 часот и 30 минути на патот што ги поврзува општините Пеќ и Клина, додека овој војник бил во воено возило ВМ90, пишува КоСсев.

Во критична состојба, со хеликоптер бил префрлен во американската болница во Приштина, каде лекарите констатирале смрт околу 16.50 часот.

Во несреќата учествувал и уште еден војник, кој со возило на брза помош во свесна и стабилна состојба бил пренесен во кампот „Вилаџо Италија“, а потоа е испратен во воената болница во базата на КФОР „Филм Сити“ на дополнителни контроли, додаваат од КФОР.

Околностите за оваа несреќа ги истражува Меѓународната воена полиција во соработка со локалните и меѓународните власти, соопшти КФОР.