Сестрите Кардашијан во последно време не престануваат да импресионираат со фотографии во костими за капење.
Клои и Ким Кардашијан го започнаа семејниот одмор на островите Туркс и Каикос, а она што најмногу ги радува нивните обожаватели се фотографиите кои сестрите секојдневно ги објавуваат.
Клои и Ким вчера објавија фотографии во црни бикини, а денес подготвија нешто сосема друго. Имено, сестрите ги покажаа своите извајани тела во металик костими за капење кои се апсолутен хит оваа година.