Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан објави фотографија од теретана. Својата витка линија сакаше да ја истакне со тесниот син комбинезон.
Сепак, акцентот на облините падна во втор план бидејќи нејзините следбеници забележаа грешка во фотошопот. Повторно.
Следбениците заклучија дека таблата зад Ким е искривена.
„Страната на масата е свиткана. Не знаев дека масите може да се свиткаат така“, „Позадината е малку променета“, „Кој го направи овој фотошоп не ја заврши работата добро“, „Неверојатно како ви е свиткана масата зад половината“, се дел од коментарите.
Ким, како и нејзините сестри, долго време е наудар на критики поради фотошоп. Неодамна, нејзината мајка, Крис Џенер, ја избриша нивната заедничка фотографија од социјалната мрежа затоа што не била уредена, а Клои Кардашијан се` почесто ја прозиваат за претерано уредување фотографии.