Српската пејачка Јелена Томашевиќ вели дека научила како да ги сака своите маани и не се мачи да купува скапа облека.
Пејачката истакна дека нејзината ќерка Нина обожава да ги носи нејзините работи и накит, и дека ќе и чува сѐ за кога ќе порасне.
„Не ги следам слепо трендовите и сметам дека на секого не му одговара се, важно ми е да го надградувам стилот со текот на годините. Носам работи кои излегле од мода и мислам дека тоа е одраз на мојот сопствен стил. Не сакам да трошам многу пари на прескапи работи, но не можам да кажам дека немам многу квалитетни работи, особено на нашите домашни дизајнери“ – вели Јелена.
Додаде и дека нејзината ќерка и „крадела“ парчиња гардероба.
„Сега е веќе голема, многу е висока, може да носи некои мои патики и штикли, а да не и бидат преголеми. Веќе ми вели: „Зачувај ми го ова кога ќе пораснам, овој накит“, веќе ги резервира моите работи“ – низ смеа рече Јелена и додаде:
„Таа оди во музичко училиште и добро и оди, се уште не сака да се занимава со пеење во јавност, ја поддржувам да покаже што знае бидејќи е навистина талентирана, но не ја терам.
Многумина ја гледаат Јелена како симбол на убавината, а таа вели дека нема такво мислење за себе.
„Не се гледам себеси како симбол на убавината, но секако ми се допаѓа некој кој освен што пее или глуми, изгледа убаво и се облекува пристојно, а тоа се стекнува со годините, да знаеш да ги покажеш сите свои таленти“- заклучи пејачка, која не размислуваше да поправи ништо на себе.