понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Ќерката на Алек Болдвин има проблеми со менталното здравје: „Лежам во фетус положба додека плачам“ (ФОТО)

Ќерката на Алек Болдвин има проблеми со менталното здравје: „Лежам во фетус положба додека плачам“ (ФОТО)

Ќерката на Алек Болдвин, актерката Ајерленд Болдвин, веќе неколку недели страда од анксиозност, а со своите следбеници споделила детали за своето ментално здравје.

Ајерленд пред неколку дена објави фотографија на која се гледа како лежи на подот во бањата, обвинувајќи го кафето за нејзината состојба.

– Време е за напад на анксиозност. Утрово испив кафе на празен стомак и тоа се претвори во напад на анксиозност. Моментално го пишувам ова од подот во бањата. Обично седам овде или лежам во фетална положба и плачам. За мене кафето е главниот тригер кој води до вакви проблеми и нервоза. Ако страдате од анксиозност како мене, кафето не ви е пријател – напишала таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ireland (@irelandbasingerbaldwin)

Открила дека кафето и помага додека се соочува со вистински проблеми.

– Веројатно се прашувате зошто воопшто пиев кафе? Па, тоа е затоа што јас сум глупава. Ми помага додека ви пишувам за моите борби, а доколку имате слични искуства, слободно споделете ги со мене – напиша таа.

Да потсетиме, Ајерленд тргна по стапките на својот татко, а покрај актерството и уметноста, се испроба и во манекенството, со оглед на необичната убавина и експресивност. Таа претходно немала добри односи со Болдвин, но со текот на времето успеале да ги решат несогласувањата.

Најнови вести