Легендарниот пејач Здравко Чолиќ вчера наполни 70 години, а неговата ќерка Уна Чолиќ сподели со сите фотографии од минатото кои ги воодушевија неговите многубројни обожаватели.
Наследничката на пејачот покажа приватни слики, кои јавноста досега немаше можност да ги види, а на нив гледаме среќни семејни моменти.
– Среќен роденден на најдобриот татко на светот! – напиша Уна во описот на фотографиите, за кои се зборува.
– Те сакам најмногу на светот! – додаде таа, и ова омекна многумина.
Здравко, да потсетиме, освен Уна, ја има и ќерката Лара, од бракот со Александра и живеат во елитниот дел на Белград.