Ќерката на познатиот српски пејач Миле Китиќ овие денови буквално е во центарот на вниманието во соседството откако сподели фотографија на која се гледа нејзината чудна тетоважа.
Тетоважата сепак не е толку чудна, отколку што е местото каде е тетовирана истата.
Имено Елена Китиќ не само што ја воодушевува публиката со своите песни и спотови, таа ја изненади и јавноста со новата фотографија на која си гледа каде има истетовирано крст.
Станува збор за египетски хиероглиф кој означува „вечен живот“, попознат уште и како „клуч на животот“, или како крст кој се користи на спомениците на умрените во модерното време означувајќи бесмртност.
Фотографијата за кратко време собра голем број на лајкови, но и коментари, а еден од нив беше и дали таа ќе се омажи за еден од нејзините фанови.