Поранешната тенисерка Серена Вилијамс на Тик Ток сподели видео кое буквално го насмеа целиот свет.
Имено на видеото се гледа како нејзината пет годишна ќерка Олимпија го помешала тампонот со играчка за мачка.
Таа во тоалетот го граба тампонот за да и го однесе на мачката Карми за да си игра со него мислејќи дека таа играчка е најсоодветна за мачката.
-Што е тоа? Ја праша Серена, додека девојчето вели дека тоа е „играчка за Карма“.
Кога девојчето започна да ги фаќа и другите тампони, Серена и упати порака повеќе да не си игра со тоа, погледнете:
@serena Who am I to steal her joy, it’s a Cat Toy! 🗣Don’t @ me #OlympiasWorld ♬ original sound – Serenawilliams