среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Ќерката на Жељко Митровиќ искеширала речиси 5.000 евра за моден детал: Сите жени „лудуваат“ за ова (ФОТО)

Ќерката на Жељко Митровиќ искеширала речиси 5.000 евра за моден детал: Сите жени „лудуваат“ за ова (ФОТО)

Ќерката на Жељко Митровиќ и свршеницата на украинскиот милијардер Илија, Кристина Митровиќ сподели снимки од шопинг и ресторани, а со својата чанта воодушеви многу жени.

Имено, по зимувањето кое чинеше десетици илјади евра и ручекот на кој носеше јакна од 6.000 евра, Кристина покажа и дека купила чанта од истата марка која чини нешто поевтино.

Кристина додека ги обиколувала продавниците со својот свршеник Илија, синот на „кралот на ураниумот“, ја снимила нејзината локација, како и црвената, лакирана чанта Диор, вредна дури 4.500 евра, која очигледно ја купила.

Кристина и Илија речиси секоја недела патуваат на друга дестинација, па не се знае бројот на луксузни дестинации на кои одат со приватен авион. Исто така, често знае да се пофали со скапоцени подароци, и гестови на внимание како огромни цветни аранжмани, со кои Илија буквално ја „полни“ од ден на ден.

Мотото на свршеникот на Кристина, кој пишува и на својот профил, е: „Правило број 1 – Повеќе се фокусирам на парите отколку на луѓето, бидејќи никогаш не сум сретнал долар што не ми се допаднал“.

Тој и Кристина се запознале додека студирале во Англија. Тој бил еден од најдобрите студенти и зборува неколку странски јазици.

Најнови вести