сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Клекна пред трендот кој го избегнуваше 14 години: Рада ќе легне “под нож“, сите очекуваат да го среди носот, но таа има друг приоритет!

Клекна пред трендот кој го избегнуваше 14 години: Рада ќе легне “под нож“, сите очекуваат да го среди носот, но таа има друг приоритет!

По раскинувањето со Харис Берковиќ, Рада Манојловиќ наводно решила да си се почести убаво деколте. Според гласините, таа планира да стави силикони во градите, а како број избрала „јаки тројки“.

Имено, пејачката по 14 години на сцената клекна пред трендот и реши како и повеќето нејзини колешки да ги зголеми градите.

Рада на овој чекор се реши откако ја прекина шестгодишната врска со пејачот Харис Берковиќ.

-Нејзин адут секогаш биле долгите нозе и добар глас, а никогаш немала комплекс поради малите гради. Кога раскина со Харис, ми рече дека сака да промени нешто на себе. Мислев дека сака да ја смени фризурата, како и повеќето жени по раскинувањето, но ме изненади. Таа ми кажа дека има намера да вгради силикони! – вели пријателка на Рада која инсистирала да остане анонимна.

Изворот додава дека фолк ѕвездата дури и разговарала со докторот за операција на носот.

Таа нејзина несовршеност е всушност нешто кое многумина ја советуваа да го среди со текот на годините.

-Рада се распрашувала и за операција на носот, но на крајот се откажала. Таа рече дека нема доволно храброст за таа операција, иако ми призна дека и пречеле повиците на колегите дека има голем нос. Дури и кога веќе решила да ги оперира градите, ја убедувам да го намали и носот, но не верувам дека ќе ме послуша, додава соговорникот, пренесе ПИНК.РС.

Најнови вести