Целиот свет денеска му се воодушевува на голманот на Ливерпул Лорис Кариус кој вчеравечер по загубеното финале во Лигана на шампионите од Реал Мадрид им се извини на фановите и публиката.
Но иако оваа сезона тој е во одлична форма и стигна до финалето заедно со неговиот тим, минатата година не беше се така сјајно.
Имено тренерот на Ливерпул Јирген Клоп минатата сезона не беше многу воодушевен од играта на голманот поради неговата врска со „кралицата на фитнесот“ Памела Рајф.
Според Клоп, од кога Кариус ја започнал врската со 20-годишната Памела, неговата форма почнала нагло да опаѓа, поради што тој и заврши на купата, станувајќи резервен голман.
Германката Рајф, која се прослави како фитнес инструктор, има околу 2,8 милиони следбеници на Инстаграм, поради што многумина ја нарекуваат „нова германска кралица“ на оваа социјална мрежа.
Во изјава за германските медиуми Памела минатата година велеше дека е задоволна од заработката на Инстаграм, но одбила да открие колку заработува преку оваа социјална мрежа.
Сепак иако медиумите многу шпекулираат дали голманот оваа сезона е сам или има нова девојка, тој мудро си молчи.