недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Кога Дајана го родила Хари, овие зборови на принцот Чарлс го скршиле нејзиното срце

Кога Дајана го родила Хари, овие зборови на принцот Чарлс  го скршиле нејзиното срце

Принцот Хари доби син, а британските таблоиди се преполни со детали за породувањето на неговата сопруга Меган.

Кралското семејство е најпопуларна институција во Велика Британија, па денеска медиумите, меѓу останатото, се распишуваа за целото семејство на новопечениот татко, но и за неговото раѓање во септември, 1984-та година.

Хари се родил како втор син на принцот и принцезата од Велс, која во тој момент била омилената жена во Велика Британија.

Неколкупати принцезата Дајана изјавила дека периодот од бременоста со Хари ѝ бил најубав во животот и дека тие неколку месеци била пресреќна со Чарлс.

Сепак, според пишувањата на медиумите, идилата спласнала штом се родил Хари. Наводно принцот Чарлс после Вилијам сакал девојче, па бил разочаран кога пристигнал во болницата.

-Ох, па тоа е повторно момче… И црвенокос е, рекол разочарано Чарлс, со што целосно ја скршил Дајана.

Принцот Хари бил многу поврзан со мајка си и тешко ја поднел нејзината смрт во 1997-ма година.

И денес често ја споменува, а вчера му оддаде почит и на нејзиното семејство, кога за раѓањето на својот син, меѓу првите ги известил нејзините две сестри и братот, грофот Чарлс Спенцар.

 

Најнови вести