сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Кога Кристина ќе го јавне… рацете од прегратка, сами се спуштаат надолу: Мисицата за малку да и го „украде шоуто“ на фолкерката! (ФОТО)

Кога Кристина ќе го јавне… рацете од прегратка, сами се спуштаат надолу: Мисицата за малку да и го „украде шоуто“ на фолкерката! (ФОТО)

Кога ќе се спојат две убавици на едно место, не може да не биде возбудливо. Не барем за машката популација, која ги сакала или не песните на Сузана Гавазова или Кристина Димитриевска, сигурно ќе сака одново и одново да го види она што како телесен раскош  двете „колешки по глас“ го носат на себе, иако едната е проверена и докажана зад микрофонот, а на другата тоа и е повеќе хоби во обид, зашто сепак титулите за убавина се она нешто по што стана во последно време препознатлива. Секако, ако се изземе пропаднатиот брак со Х-фактор ѕвездата Даниел Кајмакоски.

Како и да е, Сузана Гавазова реши да сними нова песна среде корона пандемијата, па ниту изолацијата,карантинот и полицискиот час не и пречеа истата да ја визуелизира со видеоспот во кој реши главната женска улога да и ја препушти на споменатата несудена „колешка“, Кристина Димитриевска, која само визуелно го разубави видеото, иако многумина сметаат дека Гавазова е повеќе од згодна и убава, за самата да си ја преземе главната ролја.

Сепак, двете убавици се најдоа во истото видео, што е навистина храбар потег на фолкерката, зашто во вакви ситуации обично суетата оди рака под рака со стравот дека „онаа -другата“, секогаш може да ви го „украде шоуто“ па успехот наместо „Апсолутно мој“, да стане нескајќи – нејзин!

Можеби убавицата со со најмногу титули за мис послениве година и пол и нема баш глас како славеј за да направи блескава пејачка кариера, ама затоа сето останато што го поседува како телесна убавина и атрибути кои го матат умот, се доволни адути и гаранција дека покрај песната и видеото ќе има баеги прегледи на Јутјуб.

Особено во кадрите на изливи на љубов, снимени среде центарот на македонската престолнина, во кои Кристина својата улога на вљубена жена си ја игра повеќе од добро. Дали заради минатиот труд или природниот талент – сеедно, убавицата знае како се освојува машкото срце, а уште повеќе како се подига… машката страст!

На ваквиот заводлив шарм, нежност и убавина машките најчесто паѓаат, за девојките веднаш потоа да им паднат во прегратка… Само што кога прегратката ќе се претвори во „родео стил“ со цврсто стегнати женски нозе околу машката половина, тогаш машките раце од прегратката сами се спуштаат надолу… Цврсто држејќи ја извајаната, заоблена задница на мисицита!

Но добро, тоа е дел од сценариото, а уште подобро е кога дарбата експлицитно ќе се преслика во видеото, како уверлива глума!

Мисицата за малку да и го „украде шоуто“ на фолкерката, иако Гавазова е исто толку визуелно впечатлива, телесно надарена, сексапилна, бујна и стројна колку и Кристина, па тоа овој пат не се случува.

Најнови вести