Старо правило е дека од работа нема срам…Особено во овие тешки времиња кои никако да запрат туку напротив се продолжуваат…На естрадните ѕвезди не им е едноставно да минуваат од први до први и да чекаат да помине пандемијата…И’, додека поголемиот дел од нив главно се жали (и покрај најавата за парична помош) други, како Владимир Блажев (ДНК)) сериозно си ја сфатиле работата и размислуваат за утре – во смисла – што ќе биде ако пандемијава продолжи уште една година или повеќе…Поради тоа, тој се одлучил да научи нов занает…а сето тоа го сподели и на Фејсбук.
„Друштво, знаеме дека од работа нема срам па затоа сакав да споделам со вас, а воедно и заблагодарам на D’Kitchen и целиот нивен тим што ме вработи и даде можност да го “испечам” занаетот за пица мајстор и додека трае пандемијата да имам некакви приходи .
Покрај највкусните гиро пити и пастрмајлии, за кратко време ќе го прошират нивното мени со пица за кои ме обучуваа последните 3 недели.
За кратко ќе уживате во вкусовите, а јас со нетрпение чекам да се дружиме, само што овој пат јас ќе ги правам, а вие ќе ги јадете и уживате. Да не заборавам да го пофалам и Ognen кои исто така одлично се снаоѓа во улогата на продавач 😊
Се гледаме во DKitchen“, напиша на својот профил на Фејсбук, Владимир Блажев од „ДНК“
Извор: Екран.мк