Популарниот српски актер, Милош Биковиќ, кој јавноста убаво го запозна по филмот и серијата „Јужни ветар“, одлучи да ја изненади својата девојка Ивана Малиќ со тоа што ја откупи цела кино сала само за нив.
За својот приватен и љубовен живот на актерот многу се шпекулираше, неговите поранешни девојки поприлично лошо зборуваа за него, па затоа го бие лош глас дека не е воопшто романтичен.
Дека овој пат неговата врска е сериозна, говори и фактот дека Ивана неодамна се всели во неговиот стан во центарот на Белград.
Иако сите мислат дека Ивана е уште една негова авантура, оние кои го познаваат, велат дека актерот е комплетно променет од кога е со Ивана.