четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Која е вистинската Џенифер Лопез? Следи документарен филм за нејзиниот живот, мајчинството и славниот настап на Супер Боул

Која е вистинската Џенифер Лопез? Следи документарен филм за нејзиниот живот, мајчинството и славниот настап на Супер Боул

Џенифер Лопез ќе биде тема на новиот документарен филм кој премиерно ќе биде прикажан на 8 јуни на отворањето на „Tribeca Film Festival“, пред да почне да се прикажува на Нетфликс на 14 јуни.

Филмот се вика „Полувреме“ и ќе го следи Лопез додека се обидува да балансира помеѓу кариерата, приватниот живот и нејзиниот активизам. Секако, многу и било посветено внимание и како мајка, а сето тоа додека се подготвувала за настапот на полувремето на Супер Боул 2020 (Супер Боул) со Шакира.

– Воодушевени сме што можеме да го прикажеме „Полувреме“, инспиративен документарен филм кој го истакнува активизмот на Џенифер Лопез низ нејзиниот култен настан на полувремето на Супер Боул, вели ко-основач на „Трибека Фестивал“ и извршна директорка на „Трибека Енетпрајсес“, Џејн Розентал.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Филм кој сведочи за нејзината латинокултура ќе се прикажува премиерно само неколку блокови од местото каде што таа пораснала – Бронкс.

Режисерката Аманда Мишели ветува дека ќе им даде на гледачите увид во „вистинската“ Џеј Ло. Ќе се прикаже Џенифер која се бори со товарот на славата и мајчинството и како успева да го искористи својот глас во корист на другите.

– Моќното раскажување приказни, без разлика дали станува збор за музика, филм или игри, нè поттикнува да се бориме за универзални вредности што го поврзуваат човештвото – вели Роберт Де Ниро, ко-основач на фестивалот. Тој нагласи како овој филм не потсетува на тоа.

Објавувањето на документарецот следеше само неколку дена откако се појави веста за свршувачката на Џеј Ло со Бен Афлек, иако нивната врска нема да биде прикажана во филмот.

Суперѕвездата пред три години ја глумеше Рамона во филмот „Hustlers“ и така ја заслужи својата втора номинација за Златен глобус. Таа го оживеа својот лик со своите танцови вештини кои ги покажа и во настапот на Супер Боул.

Тоа видео, во кое се појавува и Шакира, забележа рекорд од над 231 милион прегледи на Јутјуб.

Најнови вести