Откако претходно тајно се венчаа во Лас Вегас, славниот пар организираше тридневна свадбена прослава за време на викендот на која присуствуваа нивните најблиски пријатели и семејството.
Овој пат церемонијата се одржа на имотот на Афлек во Џорџија. Бен и Џенифер наводно платиле 400.000 долари за венчавката, пишува „Daily Mail“.
Како што пренесуваат странските медиуми, на сите гости им било наложено да носат бело, а Лопез носела венчаница на Ралф Лорен, а Афлек црн костум.
Иако поранешната сопруга на Афлек, Џенифер Гарнер, ја одбила поканата за венчавката, церемонијата не ја пропуштија децата на актерот, кои тој ги доби од претходниот брак. Меѓу гостите беа и близнаците Ема и Макс, кои Џенифер ги доби во бракот со Марк Ентони.
На прославата биле поканети и блиски пријатели на парот кои се дел од јавниот живот. Актерот Мет Дејмон на венчавката пристигнал со сопругата Лусијана Баросо, а на венчавката присуствувале и некои други големи холивудски имиња како Џорџ Клуни, Џејн Фонда, Рене Зелвегер и Џими Кимел.
Бенифер беше еден од најславните парови на раните 2000-ти. Нивната романса се одвиваше баш во периодот кога таблоидите земаа замав, па често беа ѕвезди на насловните страници. Постојаната медиумска покриеност, според нив ја инспирирала нивната разделба.
Бен Афлек и Џенифер Лопез ја раскинаа врската во 2004 година, кога ја прекинаа својата двегодишна веридба.
Оттогаш поминаа 18 години, а холивудските заводници денес се позаљубени од што беа пред скоро две децении.
Фото: Профимедиа