петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Конечно добри вести за состојбата на Дарко, погледнете како изгледа пејачот

Конечно добри вести за состојбата на Дарко, погледнете како изгледа пејачот

Здравствената состојба на Дарко Лазиќ е подобра. Иако пред еден месец, пејачот доживеа тешка сообраќајна несреќа, Лазиќ полека оздравува во бања.

Неколку дена по првата електротерапија Дарко успеал да застане на нозе со помош на патерици.

„Дарко може да стои на нозе. Вежба на стабилноста и рамнотежата во стоечка положба, таа положба од седење во стоење треба да биде безбедна и сигурна, да не дојде до паѓање или нестабилност. Интезивно се работи на тоа. Може да стои неколку минути. Мора да кажам дека вежба на кревет за терапија. Движењето е многу комплицирана работа, има многу механизми во прашање и вклучени се повеќе мускули. За да има сила за шетање, мора да ги зајакне мускулите на рацете грбот и останатите мускули„ вели за „Блиц“, Милош Полексиќ, докторот на пејачот.

Здравствената состојба на Дарко Лазиќ е многу подобра по пристигнувањето во бањата.

Најнови вести