Пејачката Џенифер Лопез (51) и поранешниот бејзбол играч Алекс Родригез (45) веќе не се официјално пар.
Неколку недели по ширењето на гласините за нивното раскинување, што и двајцата ги негираа, тие со заедничко соопштение за медиумите потврдија дека на крајот сепак љубовта им завршила.
– Сфативме дека функционираме подобро како пријатели и се радуваме дека остануваме на тој начин. Ќе продолжиме да работиме заедно и да се поддржуваме едни со други на заеднички работни места и проекти. На нашите деца им посакуваме се најдобро а и на самите себе. Од почит кон нив, ние само сакаме да им се заблагодариме на сите што не поддржаа, рекоа Лопез и Родригез во четвртокот.
Двојката беше во врска повеќе од четири години, а пред две години пензионираниот спортист клекна пред пејачката и ја запроси со прстен вреден пет милиони долари.