Пејачката Ана Николиќ веќе со недели е во центарот на вниманието откако во јавноста се појавија видео снимки од нејзиното лице кое буквално се распаѓа.
По неколкуте недели агонија и изолираност од јавноста, денес пејачката конечно со убави вести кои ги сподели преку својот Инстаграм профил.
Имено Ана јавно и го честиташе роденденот на својот внук Коста од братот Марко Николиќ кој и беше и нејзин менаџер до неодамна, но таа ја прекина заедничката соработка поради тоа што тој од неа очекувал војничка дисциплина како и ред и поредок.
-Мој Коста…душа мала… те сакаме со Тара многу. Среќен роденден.10.07.2018, напиша пејачката со што се докажува дека е посветена тетка и ги сака своите внуци.