Малкумина знаеја дека Ана Ѓуриќ Констракта води голема битка и дека за малку немаше да се појави на „Беовизија, каде што победи, поради нарушеното здравје на сопругот Милан Ѓуриќ, со кого почетокот на годината го помина во Германија на лекарски прегледи.
Имено, на Милан му е дијагностициран тумор, поради што Констракта ја изгубила почвата под нозете, а некое време, што е нормално, била истоштена и во многу тешка психичка состојба.
Пејачката не беше подготвена да го слуша аплаузот и да им се радува на поените на „Беовизија“, бидејќи во исто време беше загрижена за животот на својот сопатник. Во тие денови, Милан беше подложен на детални лекарски прегледи за да дознаат во која форма му е болеста.
За среќа, тестовите покажале дека нема место за паника и дека всушност се работи за бенигна форма, која лесно се отстранува. Насмевката се врати на лицата на семејството Ѓуриќ, а Констракта, знаејќи што ја чека, се фати за работа, пишува Hello.
Таа маестрално ја изведе песната со што направи целосен пресврт, па со нетрпение ја очекуваме годинешната „Евровизија“ и настапот на Констракта која ќе ја претставува Србија на престижниот музички натпревар.