среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Кошмарите и вознемиреноста никако да заминат: Дарко едвај преживеа, но психички не е добро

Кошмарите и вознемиреноста никако да заминат: Дарко едвај преживеа, но психички не е добро

Дарко Лазиќ е принуден да се лечи кај психолог бидејќи не може да се ослободи од лошите мисли и кошмари поради тешката сообраќајка која ја доживеа во октомври минатата година.

Фолк пејачот веќе осум месеци нема мирен сон бидејќи скоро секоја вечер му се навраќаат сликите од ударот од кој одвај спаси жива глава, но и доживува вознемиреност секогаш кога се приближува кон таа фатална локација.

-По советот на своите најблиски, Дарко одлучи да оди на психотерапија како би можел да ги совлада проблемите со кои се соочува. Нему му се случува и во текот на денот често да го менува расположението, напнат е, нервозен, лут, во ноќните часови има кошмари, сонува несреќи, скршен автомобил, болница. Конечно сфати дека мора да реагира, открива добро информиран извор и додава дека пејачот го почнал процесот кај еден познат психолог.

„Лазиќ зборуваше со стручното лице и веќе по првата средба му е малку подобро. Разговорот многу му помогна. Доби поголема желба за животот, која му е се повеќе потребна од кога и да било, судејќи по тоа дека неговата вереница Марина Гагиќ треба да се породи за неполни месец дена“, вели близок пријател до пејачот.

Најнови вести