Со највисоки почести и силни безбедносни мерки Берлин утре ќе го пречека кралот Чарлс Трети и неговата сопруга Камила, што ќе биде нивна прва посета во странство откако кралот го презема престолот.
Кралската двојка требаше да ја посети Франција пред Германија, но посетата е откажана поради немирите поврзани со протестите против пензиските реформи во земјата.
Монархот и кралицата сопруга треба да слетаат на аеродромот во Берлин во раните попладневни часови.
Кралската двојка во Берлин ќе престојува два дена, од каде в петок ќе се упатат кон Хамбург, последната станица од нивната посета.