Српската пејачка и учесничка во реалното шоу „Задруга“ Надежда Бајиќ е претепана од своето момче Тома Паниќ, објавуваат српските медиуми.
Тие додаваат дека на фотографиите кои ги објавија медиумите се гледа крв на вратата и подот во нејзиниот стан откако била претепана од своето момче.
Таа на лицето има видливи повреди и гребаници, а во лекарскиот навод таа изјавила дека околу седум часот е претепана од за неа позната личност и дека се здобила со повеќе удари во главата и лицето, пишува српски Телеграф.
Таа во меѓувреме заминала и на гинеколог за да провери дали е бремена.