Тенисерката Ана Курникова е позната по атрактивниот изглед и витката линија, но никој не очекуваше дека ќе изгледа толку добро само еден месец по породувањето.
Таа и нејзиното момче Енрике Иглезијас пред еден месец станаа родители на близнаците Николас и Луси, а поранешната тенисерка веќе е во топ форма.
Курникова на Инстаграм објави видео како вежба во теретана, покажувајќи ја својата линија.
Ова повторно ги покрена шпекулациите дали таа навистина била бремена или децата ги донела сурогат мајка ако е познато дека тенисерката одамна ја нема во јавноста. Иако мајката на пејачот тоа го негираше, корисниците на социјалните мрежи се сомневаат.