Пет месеци откако раскина со колешката Барбара Бобак, српскиот фолкер, Дарко Лазиќ, влезе во нова врска.
Лазиќ има нова девојка, а тоа е извесна Катарина која, како што многумина коментираат, потсетува на неговата поранешна Барбара Бобак, пишува Блиц.
Лазиќ до неодамна беше во емотивна врска со колешката Барбара Бобак со која беше и свршен. Иако многумина очекуваа венчавка, следеше ненадејно раскинување.
Како потсетување, Дарко Лазиќ од првиот брак со Ана Севиќ ја има ќерката Лорена, а од врската со Марина Гагиќ синот Алексеј.